Црна хроника
МВР превзема интензивни мерки за откривање на сторителите кои извршија оштетување во Крива Паланка
СВР Куманово во содејство со Основното јавно обвинителство превзема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на настанот и откривање на сторителите кои во петокот извршија оштетување на приватна куќа во централното градско подрачје на ул.„Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 13,30 до 14,30 часот, во Крива Паланка се одржа најавен протест на граѓаните од Крива Паланка поради отворање на објект наменет за верски обреди. На протестот присуствуваа околу 1.200 граѓани и истиот помина без нарушување на јавниот ред и мир.
Истиот ден, околу 18,30 часот, кога во објектот немало никој, од засега непознати сторители било извршено оштетување на истиот. Од страна на увидната екипа од ПС од ОН Крива Паланка веднаш е излезено на местото на настанот и по овластување на Јавниот обвинител извршен е увид, при што е констатирано дека е направено оштетување на осум прозорски стакла и на дел од инвентарот во куќата.
Од страна на полициските службеници превземени се сите оперативно тактички мерки при што е извршен преглед на пошироката околина и прибавени се сознанија од извршено анкетирање на околу 40 лица кои живеат и работат во околината на местото на настанот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.