Црна хроника
МВР спречи три обида за криумчарење мигранти
Министерството за внатрешни работи изминатиов месец успеа да открие дваесет мигранти кои на нелегален начин влегле во Република Македонија со намера својот пат да продолжат кон западноевропските земји, соопшуваат од МВР.
Според нивните информации станува збор за девет лица од Авганистан и единаесет државјани на Сирија.
МВР поднесе кривични пријави против пет лица кои се обиделе да ги криумчарат мигрантите.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека поднесени се кривични пријави за И.К. (39) и А.П. (51), и двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.
„На почетокот на овој месец И.К. во својот дом прифатил и засолнил петмина авганистански државјани (маж, жена и три деца) за сума од по 20 евра од вечер иако знаел дека лицата илегално престојуваат во РМ. Потоа наредниот ден тој телефонски се договорил со второпријавениот А.П. за сума од 50 евра со своето такси возило да ги пренесе лицата во близина на ГП Табановце од каде што требало илегално да влезат во Р.Србија а од таму во некоја од државите на ЕУ“, се вели во извештајот на МВР.
Од таму додаваат дека А.П. заедно со илегалните мигранти биле сопрени од сообраќајна патрола во близина на кумановскиот монопол и по извршените проверки тој и илегалните мигранти биле приведени во СВР Куманово, а веднаш потоа бил приведен и И.К.
Кривична пријава е поднесена и против лицата С.Е. (30) и Ф.Ш.(30) и двајцата од Штип откако се обиделе да и избегаат на полициската контрола на регионалниот пат Куманово-Свети Никола-Штип кај месноста викана Канда со своето возило „опел омега“ но обидот да избегаат завршил неуспешно откако со возилото удриле во бетонски столбови од автобуска постојка.
Во оваа акција прведени биле седум сириски државјани на возраст од 25 до 37, а од извршен разговор со истите утврдено е дека возилото го управувал Ф.Ш., кој претходно се договорил со совозачот С.Е. да ги превезат мигрантите од Демир Капија до Куманово за сума од 3.000 денари.
Во петокот околу 00,30 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш при контрола на возило со скопски регистарски ознаки управувано од В.Д.(34) од Велес, полицијата открила осуми илегални мигранти, четворица од Сирија и исто толку од Авганистан, кои илегално престојувале во Македонија. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.