Црна хроника
МВР темелно ќе ја истражува експлозијата во Куманово
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави во саботата дека „интензивно и темелно“ ќе се истражува случајот со експлозијата во центарот на Куманово, каде што пред два месеца македонските безбедносни сили со човечки загуби неутрализираа поголема терористичка група во кумановската Дива населба.
Како што потврди претходно кумановската полиција, во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрото во саботата околу 4,30 часот одекнала експлозија која нанела незначителни материјални штети.
„Според првичните информации излезени се увидни екипи, причинета е незначителна материјална штета, но сепак станува збор за кривично дело кое многу интензивно и темелно ќе го истражуваме со цел да утврдиме кои се сторителите и мотивите за тоа“, рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков во врска со експлозијата, пренесе МИА.
Министерот истакна дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и оти се надева дека многу скоро ќе се појават и други показатели и информации кои ќе се користат во натамошниот тек на истрагата.
Чавков во саботата инаку го посети граничниот премин Табановце каде што со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот подели флаери за безбедно учество во сообраќајот во Македонија за странските туристи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.