Контакт

Црна хроника

МВР:Расчистена кражбата во Општина Центар-осомничени три лица

Објавено пред

Скопската полиција во вторникот соопшти дека ја расчистила и документирала кражбата во Општина Центар, во која беа одземени два уреди за мрежно поврзување, шест кабли за поврзување на технички уреди и приклучок на прожектор за видео бим, за што се осомничени три лица.

dobivaj vesti na viber

 

 

Освен оваа кражба, работејќи со лицата расчистени се и поголем број на други имотни деликти за кои се сомничат А.К.(21), Д.О.(22) и Д.К.Р.(24), сите тројца родени во  Германија.

 

Првоосомничениот се товари за сторени четири „тешки кражби“ од кои една на особено дрзок начин за што од страна на надлежен судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во времетраење од осум дена. Останатите двајца се осомничени за сторени две тешки кражби.

 

Пријавените на 09.09.2014 во 04,40 часот во бараките на општина Центар, со употреба на физичка сила и погоден предмет делувале на влезната врата на барака бр.6, со што ја отвориле и низ истата влегле внатре. На идентичен начин како што ја отвориле влезната врата од бараката, пријавените ја отвориле и вратата од салата, влегле во истата и се обиделе да украдат еден прожектор, еден рекордер и два приклучни електрични кабли. Потоа преку ходникот дошле до шалтерското прозорче од писарницата и исто така со употреба на погоден предмет со насилно делување меѓу крилото и рамката од истото, го отвориле и со протнување влегле внатре. Од писарницата пријавените дошле до кафематот кој се наоѓал  во ходникот,  насилно ги отвориле и ги  оштетиле двете врати и дел од деловите во внатрешноста, но од истиот не украле ништо. Пријавените се упатиле и до соседната барака бр.7 во која се сместени просторииите на Државниот инспекторат за труд на град Скопје, каде со употеба на  погоден предмет и физичка сила – влечење, се обиделе да ја отворат влезната врата, притоа откорнале дел од дрвената лајсна ја оштетиле и бравата, но не успеале да ја отворат. Во  текот на извршување на делото, го виделе чуварот на општината и на бетонската патека ги оставиле украдените предмети (три монитори, компјутерско куќиште, рекордер и прожектор), а успеале да понесат со себе само два ИТ уреди, шест кабли за поврзување на технички уреди и џек за приклучок на прожектор за видео бим.

 

Покрај ова осомничените се товарат за уше три кражби

 

Во однос на првата кривична пријава, А.К., на 10.09.2013 околу 19.15 часот на ул. ,,Димитрије Чуповски“ спроти книжара на „Просветно дело“ со намера да се стекне со противправна имотна корист кривичното дело го извршил на тој начин што ја пресретнал оштетената  која се движела по улицата, со раката ја стегнал во пределот на вратот и со  влечење успеал да  скине и одземе едно златно ланче со привезок срце, по што со трчање  се оддалечил.

 

На 17.09.2014 во раните утрински часови, на ул.Аминта III во фирма за печатење со употреба на физичка сила и погоден предмет делувале на еден од прозорите, го отвориле и влегле внатре од каде одзеле: една камера, два лап-топ компјутери, приклучни кабли, полнач и кулер за лап-топ, но при излегување од објектот биле забележани од полициски службеници од Единицата-Алфа при што едно лице е приведено.

 

На 20.09.2014 пријавениот А.К., во раните утрински часови  на ул.,,11-ти Октомври“ бб поточно во просториите на Домот на хуманитарни организации ,,Даре Џамбаз“ во канцеларијата на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија со употреба на физичка сила и погоден предмет  делувал од задната страна со удирање и при тоа целосно избил два преградни лимови со што направил отвор низ кој се протнал и влегол внатре. Од таму одзел два комјутери со монитори, надворешен хард диск, безжичен телефон, два пара тренерки  и долни тренерки од македонска репрезентација, но при излегување од објектот со одземените предмети истиот бил забележан од полициските службеници од Единицата-Алфа и приведен во ПС-Центар каде го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а предметите се одземени и вратени.

 

По целосно документирање на случаите против осомничените ќе бидат поднесени кривичните пријави, а истите и претходно се пријавувани за дела од областа на имотните деликти. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион1 час

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион2 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа2 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет2 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа2 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија14 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија16 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија18 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија19 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија20 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ21 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија21 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија21 час

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...