Црна хроника
На 91-година криумчарел кокаин
Деведесет иедногодишен жител на австралиската метропола Сиднеј е обвинет дека во Австралија се обидел да внесе кокаин сокриен во сапуни, а во вторникот пред судот тврдеше дека не знаел за пратката.
Пензионерот бил запрен на аеродромот во Сиднеј по доаѓањето од индиската престолнина Њу Делхи уште на 8-ми јули годинава, бидејќи цариниците биле сомничави за содржината на неговиот багаж, соопшти полицијата. Притоа биле откриени 27 пакувања сапун кај сега обвинетиот, а со тестирање било утврдено дека се позитивни на кокаин.
Старецот идентификуван за др Виктор Тварц, пензиониран орален хирург пред судот тврдел дека воопшто не знаел дека пренесува повеќе од 4,5 килограми кокаин.
„Тврдењето дека не знаел оти дрогата се сокриена во неговиот багаж, не значи и автоматски дека е ослободен од обвинението за кривично дело“, изјави Вејн Бакхорн од сиднејската полиција./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.