Црна хроника
На двојното убиство во Охрид му претходела жестока расправија
Жестока расправија и тепачка му претходеле на двојното убиство што се случи во четврток вечер во Охрид.
Како што соопшти СВР Охрид, полицијата поднела кривични пријави против две лица за „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а сторителот сè уште е во бегство.
Инцидентот се случи во четврток околу 23 часот во летната бавча на угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид.
Тука, двајцата пријавени, Б.П.(30) и Р.С.(30) од Охрид, пристигнале со автомобил „БМВ“ со охридски регистарски таблици, сопственост на приведениот Р.С. откако претходно телефонски Б.П. побарал од него да го превезе до кафеаната.
На летната тераса се случила кратка и жестока вербална расправија и турканица помеѓу Б.П. и сега починатиот Ромео Ѓ. (38), жител на селото Лескоец, во која Б.П. му нанел неколку удари со рака во пределот на лицето.
Во еден момент, Б.П. извадил пиштол што нелегално го поседувал и испукал еден куршум кон Ромео Ѓ. погодувајќи го во пределот на рамото. Тешко повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот „Император“, но притоа бил погоден со уште два куршуми.
Во близина на хотелската рецепција, Б.П. бил пресретнат од Васил Р. (56), инаку сопственик на „Император“ кон кого Б.П. испукал еден куршум погодувајќи го во пределот на градниот кош.
Веднаш потоа, Б.П. истрчал кон летната тераса каде го чекал неговиот пријател Р.С. и со автомобилот избегале од местото на настанот. На пресекот на улиците „7 ноември“ и „Васил Главинов“ Б.П. излегол од возилото и избегал и по него полицијата сè уште трага. Р.С. беше приведен изутринава.
СВР Охрид соопшти дека поднесе кривични пријави против Б.П. и Р.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Против нив и досега биле поднесувани кривични пријави. По поднесените кривични пријави против Б.П. за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „Загрозување на сигурноста“ „Напад на службено лице во вршење работи од областа на безбедноста“, „Самовластие“ „Насилство“ и по други основи, тој бил и условно затворски осудуван, информира СВр Охрид.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.