Црна хроника
Над 44 загинати во автобуска несреќа на туристи во Тибет
Најмалку 44 луѓе загинале и уште 11 се повредени во сообраќајна несреќа во планините на Тибет откако туристички автобус се урнал во провалија, соопштија локалните власти.
Според агенцијата Синхуа, несреќата се случила во попладневните часови во саботата по локално време во селото Нем во округот Ласа во кинеската Тибетска автономна област. Автобусот со туристите кој се движел по кинескиот национален автопат 318 се судрил со џип и со камионет а потоа паднал во бездната од височина од десет метри.„Автобусот со 55 седишта во кој имало 50 луѓе, паднал во клисурата од 10 метри височина по судар со теренско возило и пикап“, се наведува во соопштението на регионалните власти на кое се повикува агенцијата. Покрај тоа, во судирот загинале пет лица кои биле во другите две возила. Причините за несреќата уште не се познати.Повеќето од патниците во автобусот биле туристи од западните кинески провинции. Меѓу нив имало и странски државјани, но нивната припадност сѐ уште не е утврдена. Повредените се згрижени во болницата во Ласа./крај/мф/сн
Извор: Xinhua
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.