Контакт

Црна хроника

Нафтени компании со фалсификувани фактури од Окта заработиле над 500.000 евра

Објавено пред

Управата за финансиска полиција по добиени оперативни сознанија за сторен финансиски криминал, откри разработена шема за празнење на државниот буџет, преку поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од „Рафинеријата Окта“ од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Главен организатор на криминалната група е сопственик и управител на фирмата „Марели-Импекс“ ДООЕЛ од Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД „Петрол“ ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот во својство на управител, сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект „Марели-Импекс“ ДООЕЛ Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД „Петрол“ ЛТД ДООЕЛ Скопје, во периодот 2011-2015 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во сметководството на фирмите употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија „Окта“.Финансиската полиција кај дел од осомничените изврши претрес на дом, деловни простории и возила при што се пронајдени бланко фактури со печати од една од фирмите кои учествувале во „нафтениот бизнис“ како и 15 фалсификувани фактури наводно издадени од „Рафиеријата Окта“ од Скопје на правното лице „Марели-Импекс“ ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 369.000 евра со вкалкулиран ДДВ и 28 фалсификувани фактури во вкупен износ од 1.015.000 евра со вкалкулиран ДДВ, исто така, со логото и меморандумот на „Рафинеријата Окта“ од Скопје, наводно издадени на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот Р.В (47) свесен дека разработената криминална шема за брзо и лесно богатење на сметка на државната каса нема да биде во можност да го реализира само преку неговата фирма „Марели-Импекс“ ДООЕЛ Скопје која била презадолжена и не била ликвидна за натамошни кредитни оптоварувања, во криминалната игра ја вклучил и ЗД „Петрол“ ЛТД ДООЕЛ Скопје фирма во сопственост на неговиот пријател и бизнис партнер кој подолг период е на привремена работа во странство.Управата за финансиска полиција во насока на целосно расчистување и документирање на случајот, изврши проверки и во „Рафинеријата Окта“ во Скопје при што во целост се потврди сомневањето за сторен финансиски криминал од страна на првопријавениот. При проверка во интерниот електронски систем на „Окта“ утврдено е дека купувачи со такви називи на фирми не постојат и дека со истите никогаш рафинеријата немала деловни односи. Воедно при контролата во „Рафинеријата Окта“ утврдено е дека меморандумот на кои се изготвени сомнителните фактури не одговара на образецот кој се користи од страна на „Окта“во годината на која се однесуваат истите. Употребениот меморандум „Окта“ го употребувала во 2008, 2009 и 2010 година, а по 2010 година истиот содржински е изменет и не одговара на оној кој е употребен од страна на пријавениот. Истрагата на Финансиската полиција покажа дека и потписот на одговорното лице од Рафинеријата е фалсификуван, фалсификуван е и печатот кој е употребен на фактурите а се разбира за да се затскрие криминалната шема, фалсификувани се и сите испратници на кои како транспортери на наводно набавената нафта евидентирани се непостоечки камиони и возачи.Во шемата за лесно богатење и прикривање на криминалот се вклучил и сметководителот на „Марели-Импекс“ ДООЕЛ и ЗД „Петрол“ ЛТД ДООЕЛ, кој иако бил свесен дека нема нафта набавена од „Рафинеријата Окта“, преку неговото сметководствено биро, на главниот организатор му помагал во изготвување на огромен број на цесии, компензации и асигнации со разни коминтенти се со цел губење на трагите од нафтата која впрочем никогаш и не била набавена. Организаторот на криминалната шема веднаш откако е разоткриен во неговите финансиски малверзации,  нелегално ја напуштил земјата и сé уште е недостапен за органите на прогонот, заради што по истиот ќе биде распишана меѓународна потерница.Финансиската полиција поради постоење на сомневање за финансиски криминал и кај поголем дел од коминтентите на двете осомничени фирми, превзема дополнителни активности за проверка на поголем број сомнителни финансиски трансакции што овие фирми ги имале со сега пријавените./крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори

Објавено пред

Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија3 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија4 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија4 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија5 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија5 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија6 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија16 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија17 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија17 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија17 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија18 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија19 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија20 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија20 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија20 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...