Контакт

Црна хроника

Нафтени компании со лажни фактури од „Окта“ заработиле над 500.000 евра од затајување данок

Објавено пред

Нафтени компании го оштетиле буџетот за над 500.000 евра преку поврат на ДДВ со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од Рафинеријата Окта од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Главен организатор на криминалната група е лицето Р.В(47) од Скопје, сопственик и управител на фирмата Марели-Импекс ДООЕЛ од Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот Р.В(47) во својство на управител, сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, во периодот 2011-2015 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во сметководството на фирмите употребил фалсификувани фактури за наводно извршени набавки на нафта од скопската рафинерија Окта.Финансиската полиција кај дел од осомничените изврши претрес на дом, деловни простории и возила при што се пронајдени бланко фактури со печати од една од фирмите кои учествувале во „нафтениот бизнис“ како и 15 фалсифувани фактури наводно издадени од Рафиеријата Окта од Скопје на правното лице Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 369.000 евра со вкалкулиран ДДВ и 28 фалсификувани фактури во вкупен износ од 1.015.000 евра со вкалкулиран ДДВ исто така со логото и меморандумот на Рафинеријата Окта од Скопје, наводно издадени на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.Првопријавениот Р.В(47) свесен дека разработената криминална шема за брзо и лесно богатење на сметка на државната каса нема да биде во можност да го реализира само преку неговата фирма Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје која била презадолжена и не била ликвидна за натамошни кредитни оптоварувања, во криминалната игра ја вклучил и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје фирма во сопственост на неговиот пријател и бизнис партнер З.Д кој подолг период е на привремена работа во странство.Управата за финансиска полиција во насока на целосно расчистување и документирање на случајот, изврши проверки и во Рафинеријата Окта во Скопје при што во целост се потврди сомневањето за сторен финансиски криминал од страна на првопријавениот Р.В(47). При проверка во интерниот електронски систем на Окта Рафинерија АД Скопје утврдено е дека купувачи со такви називи на фирми не постојат и дека со истите никогаш рафинеријата немала деловни односи. Воедно при контролата во Рафинеријата Окта утврдено е дека меморандумот на кои се изготвени сомнителните фактури не одговара на образецот кој се користи од страна на Окта Рафинерија АД Скопје во годината на која се однесуваат истите. Употребениот меморандум Окта Рафинерија АД Скопје го употребувала во 2008 година, 2009 година и 2010 годин, а по 2010 година истиот содржински е изменет и не одговара на оној кој е употребен од страна на пријавениот Р.В(47). Истрагата на Финансиската полиција покажа дека и потписот на одговорното лице од Рафинеријата е фалсификуван, фалсификуван е и печатот кој е употребен на фактурите а се разбира за да се затскрие криминалната шема, фалсификувани се и сите испратници на кои како транспортери на наводно набавената нафта евидентирани се непостоечки камиони и возачи.Во шемата за лесно богатење и прикривање на криминалот се вклучил и сметководителот на Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, четириесет и седум годишниот С.Р од Скопје, кој иако бил свесен дека нема нафта набавена од Рафинеријата Окта од Скопје, преку неговото сметководствено биро, на главниот организатор му помагал во изготвување на огромен број на цесии, компензации и асигнации со разни коминтенти се со цел губење на трагите од нафтата која впрочем никогаш и не била набавена. Организаторот на криминалната шема Р.В(47) веднаш откако е разоткриен во неговите финансиски малверзации,  нелегално ја напуштил Македонија и истиот се уште е недостапен за органите на прогонот и по него ќе биде распишана меѓународна потерница.Финансиската полиција поради постоење на сомневање за финансиски криминал и кај поголем дел од коминтентите на двете осомничени фирми, презема дополнителни активности за проверка на поголем број сомнителни финансиски трансакции што овие фирми ги имале со сега пријавените.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија20 минути

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија25 минути

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди...

Македонија36 минути

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија5 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија6 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија9 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија11 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет12 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија12 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет13 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет13 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија22 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...