Црна хроника
Најдена бомбата во Капиштец, се утврдува кој ја поставил
Полицијата соопшти дека најдена е бомбата поставена на тркало на автомобил во скопски Капиштец, и дека е дадена на вештачење.
Полицијата соопшти дека најдена е бомбата поставена на тркало на автомобил во скопски Капиштец, и дека е дадена на вештачење.
Според информациите, се работи на утврдување кој би можел и зошто ја поставил бомбата.
Инаку, во сабота наутро, било пријавено дека под автомобил во Капиштец има поставено експлозивна направа, по што полицијата излегла на терен, соопшти МВР.
Имено, утрово, околу 8.50 часот на ул.„Васил Ѓоргов“ пријавено е дека била поставена експлозивна направа на тркало од автомобил „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки сопственост на З.К. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.