Црна хроника
Наместо мачка ја застрелал сосетката
Жител на тетовското село Доброште стрелајќи кон мачка, ја погодил својата сосетка, информираше тетовската полиција.
Жител на тетовското село Доброште стрелајќи кон мачка, ја погодил својата сосетка, информираше тетовската полиција.
Инцидентот се случил во саботата по 16 часот, кога во дворот од сопствената куќа во Доброште, 59-годишниот И.М. пукајќи со ловечка пушка „МП-153“ кал.12 мм, која ја поседувал со дозвола, кон мачка која била во близина на ѕидот од соседниот двор, ја погодил сосетката И.Х.(52), во пределот на левата натколеница.
Повредената е пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде што е задржана на лекување. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.