Црна хроника
Нападнат Саше Политико
Во петок вечер, во Скопје, околу 21.30 часот, било нападнато машко лице со иницијали С.И. (35) од Кратово, соопшти полицијата.
Во петок вечер, во Скопје, околу 21.30 часот, било нападнато машко лице со иницијали С.И. (35) од Кратово, соопшти полицијата.
Како што пишуваат медиумиte, се работи за Саше Ивановски, или попознат како Саше Политико, кој бил нападнат од две непознати маскирани лица во Скопје, на улицата „Михаил Чаков“, во скопската населба Кисела Вода со метален предмет.
Имено, според пријавата кога С.И. дошол до неговото паркирано возило, ги видел лицата како се упатуваат накај него, по што почнал да бега, а едното лице со метален предмет го удрило.
Оштетениот бил пренесен во Градската општина болница „Свети Наум Охридски“, каде од страна на доктор му била констатирана телесна повреда на главата.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
Ивановски и на својата интернет страница Мактел ја опишува ситуацијата во која бил нападнат, а посочува и виновници.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираше за физички напад врз Саше Ивановски, сопственик на интернет страницата Мактел.
„Крајно наелектризираната атмосфера во која фукнционира општеството доведува до вакви примитивни постапки, а неоткривањето на сторителите во некои претходни случаи ги охрабрува насилниците. Претепувањето на јавни личности е доказ дека во општеството не постои слободата на изразување и право на поинакво мислење”, се наведува во соопштението на ССНМ.
Во него се бара од Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите, да ги изведе пред лицето на правдата и за тоа да ја информира јавноста, со што, како што пишува, ќе покаже дека во оваа земја никому не му е дозволено разликата во мислењата да ја решава со насилство.
„Во спротивно атмосферата на страв и насилство ќе биде дефинитивно востановена. Потсетуваме дека во демократска држава каква што треба да биде Македонија секој има право на слободно изразување, а доколку некој смета дека му се повредени честа и угледот има институции и организации до кои може да се обрати,” се наведува во соопштението на ССНМ./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.