Контакт

Црна хроника

Нападнат сообраќаец во центарот на Скопје

Објавено пред

Сопатник нападнал полицаец во центарот на Скопје откако при контрола кај возачот на автомобил марка „форд фокус“ биле утврдени 1,64 промили алкохол во крвта.

 

 

Како што соопшти полицијата, настанот се случил во среда на бул.„Климент Охридски“, кога полицијата го сопрела „фордот“.

 

Кога полицискиот службеник почнал со изрекување на мерка „управување на возило во јавен сообраќај под дејство на алкохол“, во тој момент сопатникот во возилото ја отворил вратата од службеното возило и почнал да го омаловажува полицаецот со погрдни и вулгарни зборови, по што бил усно предупреден да се врати во возилото, но тој се обидел насилно да ја земе сообраќајната дозвола, за што уште еднаш  бил усно предупреден за неговото однесување.

 

Во тој момент насилникот се затрчал кон полицискиот службеник и со еден удар го удрил во левата страна на градите и уште еден удар во десната рака на мускулот над подлактицата. Тој е приведен во ПС Центар, утврден му е идентитетот и се работи за А.Д.(33).

 

По целосно расчистување на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/мф

Црна хроника

Кривична пријава против велешки дилер на хероин

Објавено пред

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен дилер од овој град за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, на 29 јануари годинава на улицата Љубљанска, полициски службеници го забележале пријавениот Д.Д. како продава дрога на Д.А..

Купувачот со такси дошол до куќата на пријавениот дилер, по што возилото било сопрено и кај него бил пронајден и одземен хероинот, кој го купил непосредно пред тоа.

По ова, бил извршен претрес во домот на пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Автомобил удри во пешак на „Партизанска“ и побегна

Објавено пред

Автомобил удри во 76-годишен пешак на булеварот Партизански одреди во Скопје и побегна од местото на незгодата.

Тешки телесни повреди добил пешакот В. Т., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетник прободен со нож во расправија во Чаир

Објавено пред

Синоќа, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден 16-годишник од Скопје.

Според пријавеното во СВР Скопје, на фонтана парк во населбата Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион47 минути

Вулин: Ова е обид за државен удар, вечерва се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион2 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион3 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет6 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион8 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија8 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија9 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија11 час

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион11 час

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион12 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион12 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија13 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет14 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет14 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет14 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија15 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион15 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет1 ден

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион1 ден

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија1 ден

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Досие