Црна хроника
Наркотици пронајдени во тоалет на локал во Кичево
Кичевската полиција поднесе кривична пријава против засега непознат сторител, откако во тоалетот на еден од угостителските објекти во градот е откриен се наркотици, за кои се претпоставува дека биле наменети за препродавање.
Непознатиот се соочува со кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Станува збор за настан од април година, кога е откриено пластично шише со метадон во течност, како и марихуана во вкупна нето маса од 30,24 грама кои биле сокриени во тоалетот на угостителски објект во Кичево.
Наркотиците биле наменети за натамошна препродажба на наркозависници од Кичево, според претходно добиени оперативни сознанија, по што од страна на полициски службеници биле земени и предадени за вештачење. Се работи на откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.