Црна хроника
Насилни протести за пресудата во случајот ’Монструм’
Неколку илјади луѓе во петок излегоа на протести да го изразат незадоволството од пресудата во случајот ’Монструм’ со која шест лица се осудени на доживотна казна затвор.
Неколку илјади луѓе во петок излегоа на протести да го изразат незадоволството од пресудата во случајот ’Монструм’ со која шест лица се осудени на доживотна казна затвор.
Како што велат очевидци, ситуацијата ескалирала и полицијата употребила шок бомби и гумени куршуми.
Демонстрантите во 13,30 часот тргнаа од пред џамијата Јаја Паша во Чаир и преку Бит пазар пристигнаа пред комплексот судови каде што фрлааат со камења по полицајците, а искршиле и прозори на судот.
Толпата извикува ’Мафијашка држава’, ’Јанкулоска терорист’, ’Сакаме правда’.
Протестот сé уште трае, а беше организиран преку социјалните мрежи.
Во понеделникот (30-ти јуни) судот донесе пресуда со која шест лица се осудени на доживотна затворска казна за петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смилковското езеро. За еден од осомничените судот донесе ослободителна пресуда.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.