Црна хроника
Насилници напаѓале и ограбувале граѓани низ Скопје
Четири лица го нападнале и ограбиле А.П. во сабота во моментот кога се симнал од автобус на автобуската постојка кај Веро Џамбо.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу 17.30 часот, кога А.П. по симнувањето од автобусот од страна на четири непознати лица одзади бил удрен по глава со тврд предмет, по што му одзеле паричник во кој имало 20.000 денари. А.П. бил пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде од страна на лекар биле констатирани телесни повреди.Во друг сличен напад, околу 20.00 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“ три непознати лица физички го нападнале М.И., при што му одзеле 1.500 денари, по што побегнале во непознат правец. Во трет случај, ноќта меѓу сабота кон недела во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, го нарушиле Јавниот ред и мир со физички напад над А.Б. (41) од Скопје. Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата. После тоа А.Б. си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на бул.„Борис Трајковски“ го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајки му видливи повреди во вид на црвенило и расекотини на носот. А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.За сите инциденти полицијата презема мерки за расчистување на случаите. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.