Црна хроника
Насилникот од Лукавица тргнал да убие тројца за кои се сомневал дека и се љубовници на сопругата
Насилникот кој на Бадник рани две лица, жители на селото Лукавица, во општина Македонска Каменица, тргнал да убие тројца соселани за кои се сомневал дека и се љубовници на неговата сопруга, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Жртви на пукањето се триесет и деветгодишен соселанец и дваесетгодишна девојка од истото село, кои за среќа минаа со повреди. Тој се упатил да пука кон уште еден соселанец за кој се сомневал дека е во врска со неговата сопруга, но во неговиот дом никој не отворил врата.На првата жртва и нанел прострелни рани во рамото со ловечка пушка која била во негова сопственост. Потоа се упатил во домот на следниот соселанец за кој се сомневал дека е во љубовна врска со сопругата. Вратата на втората куќа ја отворила дваесет годишната ќерка на соселанецот, која осомничениот ја ранил со прострелна рана во стомакот.Надлежен јавен обвинител од обвинителството во Кочани дал наредба за вршење увид на лице место, па по прибирање на првичните податоци и докази во предметот, донел Наредба за спроведување на истражна постапка за сторени две кривични дела Убиство против осомничениот. До судијата на претходна постапка во надлежниот суд е поднесен и Предлог за определување на мерка притвор бидејќи обвинителството сметаше дека се исполнети законските основи. По предлогот на обвинителот се произнесе и судијата на претходна постапка кој со Решение му определи мерка притвор на осомничениот во времетраење на триесет дена.Два слични случаи на овој, во ноември завршија со вкупно шестмина убиени. Кавадарчанец ги уби сестрата и родителите на својата сопруга, а потоа во Злетово, професионален војник ги уби исто така родителите на својата сопруга и уште еден соселанец, а потоа се обеси./крај/обв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.