Црна хроника
Навивач на Црвена ѕвезда убиен во Истанбул
Навивач на Црвена ѕвезда, Марко Ивковиќ (25) од Земун, е убиен во петокот во Истанбул пред почетокот на кошаркарскиот натпревар на белградскиот кулб со Галатасарај.
Конзулот на Србија во Истанбул, Зоран Марковиќ, рекол за агенцијата Бета дека момчето е убиено со убоди од нож во судирите кои избиле пред спортската сала Абди Ипекчи во турскиот град.
„Ова е гест на непријателство. Во време кога на Србија и се забодуваат ножеви од сите страни, во Турција е забоден нож во срцето на навивач од Србија. Настанот е трагичен, потресен сум“, рекол Марковиќ.
Тој додал дека српскиот конзулат бил во контакт со турската полиција и дека предупредил дека натпреварот е со висок ризик, но дека неговите апели не биле прифатени.
„Организацијата беше на најниско ниво. Два дена предупредувавме дека тоа е средба со висок ризик и дека може да дојде до ваква ситуација. Сега работиме на тоа сите навивачи безбедно да ја напуштат Турција во најкраток рок“, рекол тој.
Убиениот навивач се здобил со тешки убодни рани и веднаш бил пренесен во болница.
„Сакам да нагласам дека турските лекари се бореа како лавови за неговиот живот. Реанимацијата траеше пет часа, но на крајот почина поради обилното крварење“, рекол Марковиќ.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.