Црна хроника
Навивачи на Олимпијакос дивееле во бензинска во Куманово
Неколку навивачи на грчкиот клуб Олимпијакос, тепале вработен во бензинска пумпа „Лукоил“ во Куманово, дивееле низ дуќанот, украле повеќе артикли и избегале.
Имено, во неделата околу 11.10 часот на автопатотот Куманово-Скопје, на бензинска пумпа „Лукоил“, навивачи од Олимпијакос од Грција, без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35) од Куманово.
Сторителите го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и го туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.
Во 15 часот во полицијата во Куманово, поради основано сомнение за сторен прекршок приведени и задржани се Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29) од Грција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.