Црна хроника
Непознат избодел момче во Кичево за предност во сообраќајот
Малку по полноќ ноќта кон неделата во кичевската полиција е пријавено дека Медицинскиот центар службата за итна помош довела 24 годишен кичевец со повреда во стомакот нанесена од остар предмет.
Според сомневањата на лекарот од службата за Итна медицинска помош, момчето идентификувано со иницијалите Ј.М. најверојатно било повредено со нож, а поради можност од внатрешно крвавење, било пренесено во Ургентниот центар Скопје.
Од извршените проверки, полицијата утврдила дека околу полноќ во Кичево на улицата „11-ти Октомври“ се случила банална расправија околу првенство на минување меѓу повредениот и автомобил со кој управувало непознато машко лице. Ј.М. бил удрен во пределот на стомакот со остар предмет, по што непознатиот со возилото го напуштил местото на инцидентот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.