Црна хроника
Нов случај на оштетени македонски регистарски таблички во Грција
Во средата на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин.
Случајот е пријавен од страна на лицето В.Ј. од Богданци во чија сопственост е возилото со оштетените регистерски ознаки марка „BMW“. Сопственикот на возилото пријавил дека на 13.08.2014 година во туристичкото место Неа Потидеа на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот од регистерските ознаки каде стои кодот „МК“. Случајот не е пријавен во грчката полиција.
Со овој нов случај на оштетување на регистарски ознаки, бројката за оваа година достигна вкупно пет, а досега регистрирани се и девет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков тип со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.