Црна хроника
Новороденче донесено мртво во кавадаречката болница
Во понеделник утрото, во болницата во Кавадарци со возило на брза помош било донесено бебенце, не постаро од 40 дена, кај кое лекарите констатирале смрт.
Како што соопшти полицијата. утрово во 4,45 часот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе.„По наредба на надлежен Јавен обвинител излезено е на лице место, се работи на целосно расветлување на настанот“, вели портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска..Наложена е обдукција со која ќе се утрвдат причините за смртта на бебето. Според информациите кои ги пренесоа некои медиуми, од кавадаречката Брза помош изјавиле дека бебето не давало знаци на живот и доктор од службата само ја констатирал смртта./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.