Црна хроника
Новороденче починало на пат од Куманово за Скопје
Бебе родено во кумановската болница, поради здравствени причини било пратено за Скопје, но по пат починало, соопшти полицијата.
Имено, во вторник два часа по полноќ, дедото на бебето, Н.Н. (54) од Куманово, во полициската станица Центар, пријавил дека во понеделникот во 22 часот на Одделот за гинекологија во Куманово од страна на доктор била породена неговата снаа А.Г. која родила машко новороденче. Но, поради одредени здравствени причини со возило на брза помош, во присуство на медицинска сестра и доктор, новороденчето било транспортирано во Клиничката болница во Скопје на Одделот за Детски болести каде на во 23.55 часот од страна на дежурниот доктор било констатирано дека новороденчето било донесено починато. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.