Црна хроника
Oбвинение против сметководител – крадел пари од нотарка
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против сметководител што сторил кривично дело проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
По спроведување на истражната постапка, Обвинителството утврдило дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28.4.2016 година до 28.11.2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари што му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.
Обвинетиот неовластено пополнил и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Средствата тој ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе банки на банкарска сметка што нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка. Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на својата сопруга, од каде што како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.