Црна хроника
Обдукцијата и истрагата ќе покаже кој го застрелал гостиварецот
Обдукцијата и истрагата треба да покажат како починал педесет и шестгодишниот жител на гостиварско село Рафет Кадрија, чие тело беше пронајдено во четвртокот попладне на споредниот пат Тетово-Гостивар, односно дали се самоубил или некој го застрелал.
„Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и даде насоки за прибирање на доказите од местото на настанот. Воедно дадена е наредба за вршење обдукција за да се утврдат причините за настапување на смртта. Од увидот на лице место извесно е дека на телото на починатиот има две прострелни рани“, соопштуваат од обвинителството.Починатото лице било пронајдено на десетина метри од паркирано патничко моторно возило со тетовски регистарски таблички со прострелни рани зад десното уво и во пределот на стомакот. Гостиварецот во вторникот бил пријавен за исчезнат, а покрај неговото тело бил пронајден пиштол./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.