Црна хроника
Обид за палење на дуќан во Центар, оштетени се фасадата и влезната врата
Запалива течност била фрлена врз деловен објект во скопската општина Центар, при што биле оштетени фасадата и влезната врата. Во инцидентот нема повредени лица.
Од СВР Скопје информираат дека случајот бил пријавен на 28 август во 20:40 часот, а според пријавеното, инцидентот се случил околу 3:45 часот во текот на ноќта.
Оштетени се фасадата и влезната врата на деловен објект, сопственост на 47-годишниот Г.П. од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
