Црна хроника
Обвинение против дадилката која малтретираше бебе
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против дадилката која наместо да го чува, малтретирала деветмесечно бебе.
„Донесеното Обвинение се заснива на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за осомничената“, соопштуваатѕ од Обвинителството.Родителите на деветмесечниот Даријан ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.По соопштението на Обвинителството тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.