Црна хроника
Обвинение за четворица демонстранти
Основното јавно обвинителство достави обвинение против четворица демонстранти кои учествувале на протестите пред Владата на 5 мај, кога дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.
Петмината демонстранти се обвинети за кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. На тројца од демонстрантите им е продолжен притворот за уште 30 дена, а на еден му се одредени мерки на претпазливост.„Обвинителниот предлог е распределен кај надлежен судија кој ги ценеше фактите и доказите приложени во предлогот на Основното јавно обвинителство – за продолжување на мерката притвори и оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на ЗКП па така на Б.Ј., С.П. и Б.Т. им ја продолжи мерката притвор за 30 дена, додека на А.Т. му ја укина мерката притвор и му определи мерки за претпазливост. Надлежниот судија во следниот период треба да го насрочи предметот, а по закажување на денот и времето за одржување на главата расправа по овој обвинителен предлог, дополнително ќе ја информираме јавноста“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.