Контакт

Црна хроника

Обвинет во „Музеј“: Ниту арамија, ниту злато бараа, туку крв за јавноста

Објавено пред

Ниту арамија, ниту злато бараа, туку крв за јавноста, реагира осудениот Јован Кондијанов, член на Комисијата за откуп на музејски материјали којшто е осуден на три години затвор за злоупотреба на службенета положба во случајот „Музеј“.

dobivaj vesti na viber

Тој заедно со Дарко Кржовски, кој е сега директор на Музејот на Македонија, и Андреј Ежов, се товарат дека откупувале монети од златарот Часлав Кузмановиќ без доказ на потеклото. Но досега не се најдени ниту крадците на 162 артефакти, меѓу кои монети, обетки и други златни предмети, а не се најдени ниту украдените артефакти.„Откупивме материјал којшто беше анализа и на експерти. Никаква грешка не се најде во откупот, освен една измислена грешка. Од каде му биле монетите. Парите се државни документи што лутаат и се движат по империите неконтролирано, ја следат судбината на луѓето. Тие тоа не го земаа предвид, нé осудија. Комисијата брои три члена со еднакви права и обврски. Двајца членови добија по една година, на мене, најозлогласениот ми дадоа три. Три години затвор за мене се исто како смртна пресуда. Јас не сум роден да лежам во затвор, јас ќе умрам во затвор. Тие тоа и го сакаат. Поздрав од ова место на инспекторот, велеинспекторот, полицаецот Бојиќ, експертот за овие работи. Ниту арамија бараа, ниту злато бараа, бараа крв за јавноста и еве ја крвта за јавноста – нема сторители на делото, го нема златото. Полицијата нема абер од својата работа, сите да одат да одржуваат паркови и зеленило. Гонат виновници, а не сторители, затоа што не знаат“, рече во судницата револтирано Кондијанов.Според него, Кузмановиќ имал приватна колекција којашто била регистрирана според законите.„Не го прашавме доносителот на парите од каде му се, а човекот има приватна колекција со закон регистрирана. Законот за колекционери дозволува колекционирање на стари пари, поштенски марки, салфетки и човекот ги понуди на Музејот и музејот ги откупи. Експертизата покажа дека тоа се извонредни примероци. Станува збор за статери Александар III  и Филип II и други монети од ковницата Стоби што во референцијалните каталози не постоеше зошто немаше кој да ги собере. Е на крај колегата ги собра и влегоа во референцијален каталог“, додаде Кондијанов.Пресудата за овој случај беше дочекана голем револт и негодувања од страна на обвинетите и на нивните семејства. „Ќе ви падне овој монтиран случај, за ова ќе одговарате диктатори, ќе паднете“ им порачаа семејствата на обвинетите на судиите во овој случај. Највисока казна затвор од 8,8 години му беше изречена на поранешниот директор на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски за отуѓување на културно наследство и за злоупотреба на службената положба. Златарот Часлав Кузмановиќ е осуден на казна затвор од 7,8 години за отуѓување на културно наследство и прикривање, а програмскиот директор на музејот е осуден на затвор од 6,8 години за несовесно работење и за отуѓување на културно наследство .Ракувачот на депото на музејот, Софка Кушовска Сафитли е осудена на 3 години затвор. Членот на комисијата за откуп на музејски материјал, Јован Кондијанов, исто така, е осуден на 3 години. Директорот на музејот, Дарко Кржоски и членот на комисијата Андреј Ежов се осудени на по една година затвор сите за злоупотреба на службената положба.Адвокатката на Јосифовски, Соња Петрушева, изјави дека со ваква пресуда се праќа порака до граѓаните дека подобро е да убиеш човек и да добиеш казна затвор од четири години отколку максимална казна предвидена со закон ако работиш чесно.„Ова е еден голем медиумски настан за институциите на системот кои сакаат да ги оправдаат вистинските крадци кои се наоѓаат на слобода и истовремено наведувам дека воопшто не се прават напори да се откријат тие крадци, а невини луѓе лежат во затвор. Притоа максимално изречената казна доведува до една поинаква порака до граѓаните дека подобро е да убиеш човек и да прошверцуваш 25 килограми хероин зошто ќе добиеш четири годни затвор отколку максимална казна предвидена со законот ако работиш чесно и придонесуваш за културното наследство со кое сите се гордеат. Но, каде е одговорноста на институциите на системот вклучително и на Управата за заштита на културното наследство и на државниот завод за ревизија и на владата кои во ниту еден годишен извештај ниту навеле дека ќе вршат инспекција ниту направиле инспекција пет години во Музејот за тоа како се работи туку само постојано се додаваат нови и нови работи“, рече Петрушева.Судењето за предметот за кражбата во Музејот на Македонија почна во септември минатата година. Исчезнувањето на 162 артефакти беше забележано во ноември 2013 година, а обвинетите се товарат дека поради несовесно работење дошло до кражба на артефактите. Обвинителката Лиле Стефановска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Само на еден од четворицата обвинети кои се во притвор му е укината оваа мерка,на Софка Кушовска додека тројца обвинети и претходно се бранеа од слобода. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола

Објавено пред

На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија6 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија8 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет9 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет9 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија9 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија9 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет10 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет10 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија19 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија19 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија22 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...