Контакт

Црна хроника

Обвинетиот за убиството на медицинската сестра бил жртва на семејно насилство

Објавено пред

Обвинетиот за убиството на медицинската сестра што се случи по Нова година на покривот од Детската клиника во моментот на убиството бил пресметлив, но психијатарот кој му го правел невропсихолошкиот наод анализира дека врз развојот и градењето на неговата личност влијаеле многу околности во семејството.

dobivaj vesti na viber

Психијатарот Ставре Грамов на денешното судење опиша каква личност е обвинетиот Никола Кузмановски, како го опишал убиството, но беше дециден дека во моментот на убиството бил пресметлив и рационално расудувал.Судењето за овој случај почна од почеток бидејќи истекоа 90 дена од првото рочиште, па судијката уште еднаш го праша дваесет идвегодишниот Кузмановски дали останува на својот исказ дека не се чувствува виновен за смртта на десет години постарата Дијана Здравковска која кога била убиена била бремена.Иако на првото рочиште Кузмановски рече дека не чувствува виновен за смртта на медицинската сестра, во средата пред судот го измени својот исказ и рече дека се чувствува како единствен одговорен за смртта на Дијана, но според него, смртта на Дијана не настанала онака како што тврди обвинителството. Грамов го опиша Кузмановски како психолошки здрава личност со одредена специфична пасивна зависност, со проблематичен процес на сепарација и варијација на психосексуален развој и живеење. На 9-ти јануари утрото, на денот кога се случи убиството Кузмановски имал закажано преглед кај психијатар за неколку дена.По убиството, на првата средба со психијатарот Грамов, тој воопшто не сакал да соработува, но на втората средба имал неодолива потреба да зборува за убиството и за него. Се наоѓал во анксиозна и депресивна состојба со доминантно чувство на вина. Психијатарот не ги изнесе деталите за тоа како Никола му го опишал убиството, бидејќи судот така одлучи, но при вкрстеното испрашување на обвинителството и одбраната, психијатарот читајќи еден од цитатите во неговиот наод, прочита дека за време на расправијата Дијана му рекла на Никола „Кој си ти да ми бараш ДНК“.Никола и Дијана најверојатно се расправале за нејзината бременост и Никола побарал да се направи ДНК анализа и да се утврди од кого е бебето, со оглед на тоа што Диана била во брак.Психијатарот повеќе зборуваше за тоа каква личност е Никола, врз чиј развој големо влијание имала семејната ситуација, односно тоа што тој и неговата мајка, биле жртви на семејно насилство.„Се работи за протективна, заштитничка мајка и татко кој бил чиста спротивност. Имал проблеми со зависноста од алкохол и поради тоа го изложувал семејството на насилство. Во неколку наврати имале физички и вербални расправии. Во подоцнежниот период Никола се поставил како заштитник во однос на мајка му. Инаку е нормална, дружељубива личност со нормален развој. Имаше потреба да зборува за својот интимен живот, за последната врска којашто ја детализираше. Имаше тенденција да се прикаже повеќе мажествено“, рече Гермов.Во судницата присутни беа и таткото и мајката на Никола и ова навраќање на насилството во нивното семејство предизвика солзи и тага. Првин почна мајката да плаче, па потоа и Никола кој ја гледаше мајка си и плачеше.Обвинетиот им го опишувал убиството на психијатрите многу детално и дури барал од нив и тие да учествуваат во реконструкција на настанот, за да може подобро да им опише како изгледало и начинот на којшто се случило.„Имаше тенденција да се прикаже дека тоа било несреќен случај, но нас не не разубеди“, рече психијатарот.Гермов ова го објаснува како механизам на искривено мислење, механизам којшто може да биде и свесен и несвесен. „Може и самиот да верува во тоа и претпоставувам дека тоа беше последниот одбранбен механизам во една таква ситуација за да сочува личноста и да не се распадне, бидејќи во ваква ситуација може да има и други исходи“, објаснува Гермов.Психијатарот проценил дека Кузмановски бил пресметлив за време на убиството, во него постоел афективен набој, но тој афект не бил со таков интензитет да ги поремети психичките функции. „Нема убиство без афект и кај најладнокрвниот убиец кој нишани со снајпер постои афект, но има варијации“, рече Гермов.Тој цени дека Кузмановски имал уредна перцепција, бил способен да го сфати значењето на делото.Убиството се случи на 9-ти јануари на поткровјето на Детската клиниката. За тоа што се случило, освен Гермов, свое вештачење пред судот ќе претстави и технички советник кој го предложи одбраната.Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и оштетувања на вратот.Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности. Една седмица пред трагичниот настан Дијана му кажала на сопругот дека е бремена, а пред убиството и обвинетиот знаел дека жената е гравидна.Дијана и Никола, и двајцата од скопското село Петровец, биле во врска и се гледале подолг временски период./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Објавено пред

МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.

dobivaj vesti na viber

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово

Објавено пред

Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи

Објавено пред

Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија25 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија53 минути

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија1 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија13 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...