Црна хроника
Обвинетите од случајот „Дива населба“ не се чувствуваат виновни

Сите 29 обвинети за настаните од ланскиот мај во кумановската Дива населба се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар – тероризам и учество во терористичка организација.
Сите 29 обвинети за настаните од ланскиот мај во кумановската Дива населба се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар – тероризам и учество во терористичка организација.
Двајца од обвинетите, Сами Укшини и Генци Сефа рекоа дека не се чувствуваат виновни, не негираа дека биле дел од настаните. Трет обвинет пак рече дека бил во Куманово само на 9 мај и дека со обвинението сака да се прикрие вистината.
Укшини кој првични рече дека делумно ја признава вината, по консултациите со својата одбрана и откако судијката му објасни дека треба да се изјасни само за делата коишто му се ставаат на товар изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела од обвинението.
„За тие дела не сум чувствувам виновен, но не дека не се чувствувам виновен за тоа што сум бил на тоа место“, рече Сами Укшини.
Генци Сефа, пак, изјави дека не негира оти е припадник во организирана група, но не се чувствува виновен за кривичните дела. Неговиот адвокат притоа појасни дека не негира дека бил дел од настаните.
Сите останати обвинети се изјаснија дека се чувствуваат невини. Дел од нив коментираа дека не се терористи, и оти се „обвинети за тероризам бидејќи се Албанци“. Некои негираа и дека некогаш биле во Куманово или во Гошинце.
Во моментов воведен збор даваат адвокатите на обвинетите. Адвокатот Шазивари Исени кој застапува повеќе од обвинетите рече дека обвинението нема никакви докази, ниту правна основа за обвинување за тероризам и терористичка организација.
Најголем дел од обвинетите се косовски државјани, другите се од Куманово и кумановско и скопските села, а има и иден Албанец со германско државјанство. Повеќето завршиле средно образование, но меѓу обвинеите има и високо образовани, информатичари, фотографи, новинари, вработен во МВР. а еден од обвинетите завршил воена академија во Тирана и криминалистика во Приштина.
Од водачите групата на обвинетилената клупа седнаа Сами Укшими, командант Соколи и Мухамед Красниќи, командант Малишева, додека другите двајца водачи Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, официјално, загинаа во борбите.Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Ндрецај и агент од македонските тајни служби.
Еден од роднините на обвинетите пред почетокот на судењето даваше изјава за медиумите на албаснки јазик, но не сакаше да зборува ниту на македонски, ниту на српски, велејќи дека не ги знае овие јазици.
Неофицијално во изјавата рекол дека обвинетите дошле да војуваат во Македонија за идеали, но биле измамени од вршхушката на Македонија и на Косово./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време

При контрола на угостителски објект во Гостивар, синоќа во 21.35 часот, било забележано дека објектот работел по дозволеното работно време и во него имало гости.
Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Црна хроника
(Видео) 57 санкции за брзо возење со т.н. ноќен радар, 20 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи, изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Црна хроника
613 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 613 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“