Црна хроника
Од цел ’голф’ му го вратиле само моторот
Секретаријатот за внатрешни работи Скопје, поточно Единицата за општ криминал во саботата до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 58-годишниот Н.Ш. од селото Оризари, во општината Липково и 71-годишниот Т.Ж. од Скопје поради основано сомнение дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“.
Секретаријатот за внатрешни работи Скопје, поточно Единицата за општ криминал во саботата до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 58-годишниот Н.Ш. од селото Оризари, во општината Липково и 71-годишниот Т.Ж. од Скопје поради основано сомнение дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“.
Од страна на судија во претходна постапка на Т.Ж. му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, а додека Н.Ш. во моментот е недостапен на органите на прогонот.
Пријавениот Н.Ш. откако на 9-ти октомври на територијата на скопската општина Центар, поточно во населба Крњево зад универзитетскиот комплекс, забележал паркиран автомобил „голф 4“ и откако се уверил дека нема да биде забележан од никој, на засега непознат начин, прво го отворил заклученото возило, го стартувал моторот и се упатил кон плац (отпад), за кој подоцна е утврдено дека работи на црно, лоциран во скопското село Петровец, сопственост на пријавениот Т.Ж.
Потоа, украденото возило двајцата веднаш го растуриле со намера да го продаваат во делови. Притоа, еден дел од деловите на возилото ги продале на непознати лица, а шасијата од возилото ја исекле на парчиња и ја продале за старо железо.
На 24-ти ноември, со претходно обезбедена Наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во отпадот кога е откриено и одземено поголемо количество автомобилски делови од повеќе растурени возила за кои постои сомневање дека исто така биле украдени. Исто така. пронајден и одземен е еден демонтиран (расклопен) мотор од „голф серија 4“ за што, по извршеното вештачење, утврдено е дека потекнува од кражбата пријавена во Крњево, и му е вратен на оштетениот.
Пријавениот Т.Ж. е приведен во просториите на ПС за ОН Гази Баба и извршен е разговор при што тој изјавил дека Н.Ш. во текот на првата половина од годинава се запознале во затворот „Скопје“, каде и двајцата биле на издржување казна затвор и оттаму потекнувал договорот за извршување на овие кривични дела, соработка при одземање на моторни возила, растурање на делови и продажба, како и договор Т.Ж. да ги задржува шасиите од возилата.
Исто така, при претрес во отпадот пронајдени и одземени се една тетратка и два бележника во кои Т.Ж. запишувал дел од продадените предмети, цена по која се продавани, како и колку парични средства треба да поделат со Н.Ш., од што е утврдено дека се стекнале со противправна имотна корист од 280 илјади денари.
Инаку во изминатиот период против пријавените се поднесувани кривични пријави, и тоа против Н.Ш. во временскиот период од 2000 до 2014 година му се поднесени шест кривични пријави од областа на имотните деликти (тешка кражба, одземање моторно возило и прикривање), две од областа на кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и една од областа на кривични дела против правниот сообраќај (фалсификување исправа), а против Т.Ж. во временскиот период од 1996 до 2013 година поднесени му се 17 кривични пријави, и тоа 15 од областа на имотните деликти (тешки кражби, одземање моторно возило и затајување), една од областа на кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот (предизвикување општа опасност) и една кривична пријава од областа на кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот (загрозување на сигурноста)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.