Црна хроника
Од куќа во Дебреште украдени златен накит и оружје
Во саботата во прилепското село Дебреште во куќата сопственост на С.Ф.(40), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел златен накит и пиштол марка „Аркус“.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на подесен алат делувал на прозорецот од куќата, влегол внатре и во неколку простории извршил пребарување, ги пронашол и одзел горенаведените предмети, по што го напуштил лице местото. Причинета е материјална штета од околу 40 илјади денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.