Црна хроника
Од мигранти украдени околу 3.000 евра
Во четвртокот помала група мигранти биле нападнати од три непознати лица, при што и биле одземени близу 3.000 евра соопшти полицијата.
Во четвртокот помала група мигранти биле нападнати од три непознати лица, при што и биле одземени близу 3.000 евра соопшти полицијата.
Имено, околу 3.45 часот на излезот од село Негорци кон село Прдејци, М.А.(23) од Ирак кој се движел со уште четири сириски државјани биле пресретнати од возило од кое излегле три непознати лица и со закана со оружје им било извршено разбојништво.
Им украле пари, мобилни телефони и друго по што го напуштиле местото на настанот и стекнувајќи се со противправна имотна корист од 200.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.