Црна хроника
Од почетокот на годинава седум пешаци загинале во сообраќајки
Од почетокот на годинава, односно во првото тромесечие на 2015 година вкупно 23 лица загинале во сообраќајни незгоди од кои седум се пешаци, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи.
На територијата на Градот Скопје од осум жртви во сообраќајни незгоди, четири се пешаци.Неодамна студентка од Крива Паланка беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала, а претходно старец го загуби животот во несреќа кај Олимпискиот базен. Поради ваквите бројки започна кампањата „Недела на пешаците, за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот“ во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи. Четвртоодделенците од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром организирано преминуваа на пешачки премин, а исто така присуствуваа и на сообраќајно-едукативно предавање пред трговскиот центар Капитол.„Настојуваме низ сопствен пример, комуникација и конкретни вежби да ги едуцираме најмладите, учениците од основните училишта, затоа што навиките се градат од најрана возраст и она што ќе се научи останува како начин на однесување и понатаму во животот, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Претседателот на РСБС Стојче Стаменковски по денешната едукација за учениците повика да внимаваме каков пример им даваме на децата и да се грижиме за нивната безбедност и иднина. Исто така апелираше да се однесуваме одговорно во сообраќајот за доброто на сите деца на нашите улици и патишта.Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, потенцира дека целта на оваа кампања е од една страна да се подигне нивото на знаење на учениците за нивното учество во сообраќајот, а од друга страна да се зголеми свеста кај возачите за присуството на пешаците, особено на децата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.