Црна хроника
Од запалена свеќа експлодирале дезодоранси и други спрејови во бања во Битола
Од запалена свеќа експлодирале дезодоранси и други спрејови во четвртокот попладне во стан во Битола на улица „Васко Карангеловски“.
Експлозијата се случила од запалена свеќа којашто била ставена на машина за перење во бањата. Од пламенот се запалил држач на кој биле ставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за асма.Од експлозијата уништетни се вратата на купатилото и надворешната врата, а прозорците од дневната соба се искршени. Повредни лица нема.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.