Црна хроника
Одбраната на првоoсомничениот во процесот ’Шпион’ ги даде завршните зборови
Одбраната на првоосомничениот Марјан Ефремов во судскиот процес за случајот ’Шпион’ во кој 19 лица се осомничени за шпионажа, оддавање државни тајни на странски разузнавачки служби, злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба, во вторник во Кривичниот суд ги даде завршните зборови.
Адвокатот Еленко Миланов побара од судот да отфрли голем број докази кои биле изнесени на главните претреси, наведувајќи дека истите не биле изведени според законските процедури и не може да бидат основа за донесување судска пресуда. Тој побара судот да отфрли и сведочења на некои сведоци, затоа што, како што рече, биле надвор од одредбите на Законот за кривична постапка и спротивни на пропишаната процедура.
Миланов рече дека обвинителниот акт се темели на контрадикторности и дека неговиот текст не нуди никаков доказ на која странска разузнавачка служба и на кои лица наводно неговиот клиент ги продавал информациите.
Иако обемот на изнесени докази е голем, додаде, тој не видел доказ на кој го има потписот на Ефремов дека предал каква и да е документација на странски разузнавачки служби или дека за наводно такво делување примил парични средства.
Исто така, додаде Миланов, никаде нема снимен материјал дека Ефремов на кое било лице, припадник на странска разузнавачка служба, предава какви било документи. Адвокатот за пронајдените word документи со доверливи податоци и информации во компјутерот на Ефремов рече дека нема докази дека тие некому биле испраќани.
Во одбрана на неговиот клиент, Миланов рече и дека не постои ниту предмет за кој може да се тврди дека претставува апаратура за сателитски пренос на податоци, а што се однесува за пронајдениот сателитски телефон кај Ефремов вели дека од вештачењето било утврдено дека телефонот не бил користен од 2001 година.
Инаку, поранешниот разузнавач Ефремов до крајот на судскиот процес се бранеше со молчење.
Обвинителството своите завршни зборови ги даде на 4-ти јули и побара побара сите 19 осомничени да бидат прогласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и дека постојат материјални докази од кои јасно се гледа дека на едната страна се ообвинетите, а на другата страна се странските служби на кои биле испраќани информациите.
Судскиот процес за првата афера за шпионажа во Македонија започна на 27-ми јануари. Осомничените беа уапсени во септември, минатата 2013 година. Меѓу нив се поранешни вработени во Агенцијата за разузнавање, поранешниот директор на Управата за спречување на перење на пари и корупција Ване Цветанов, вработен во Државниот архив на РМ Влатко Стаматовскил, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Марјан Маџовски и новинарот Зоран Божиновски./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.