Контакт

Црна хроника

Одложена пресудата за случајот ’Монструм’ – проширена

Објавено пред

Поради висока температура на претседателот на Судскиот совет Ивица Стефановски одложено е објавувањето на пресудата во случајот ’Монструм’ којашто требаше да биде соопштена во средата во Основниот суд 1 Скопје. 

dobivaj vesti na viber

Новата дата за објавување на пресудата е 30. јуни кога судот треба да каже дали седуммината осомничени се виновни за убиството на четирите млади момчиња и рибарот што се случи кај Смилковското езеро на 12-ти април, 2012 година.

 

Денеска пред зградата на основниот суд, со силно полициско обезбедување, беа присутни семејствата на жртвите како и на осомничените. Неколкумина држеа транспаренти на кои беше испишано „Измислени докази, измислени мотиви“, „Гешковска Нострадамус“, „Е1=ДБК“, „Пресуда по диктат“, „Владеење на правото=0“, „Ивица Стефановски слуга на Гешковска“…

 

Семејствата на жртвите велат дека дури денеска дознале за одложување на пресудата и велат дека причината за одложувањето е измислена и дека судот се плаши да донесе одлука.

 

Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12-ти април 2012 година, познат како случајот „Монструм” или Велигденскиот масакар кога беа убиени четири момчиња, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски, и во кој се обвинети седум лица за тероризам, започна на 20-ти декември 2012 година. Според обвинението, убиството имало цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата за предизвикување страв кај граѓаните.

 

Отпрвин шест лица беа осомничени за убиството, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири, а во декември 2013 година на обвинителната клупа седна и седмообвинетиот Сами Љута, кој е осомничен дека чувал стража додека извршителите ги убивале петте жртви. Алил Демири и Африм Ислаимовиќ се уапсени на Косово за нелегално поседување на оружје и нив им се суди во отсуство.

 

Во март годинава во судницата во скопскиот Основен суд 1 во средата беа прикажани видеа со наслови „Ал Каеда ги обучува муџахедините”, „Поддржувачи на исламот”, „Разбуди се брату муслиману”, коишто биле пронајдени во компјутерите на осомничените, но не беше прецизирано кај кој од нив.

 

На видеата можеа да се видат сцени од улични борби на вооружени маскирани лица, обуки на муџахедини, сцени од рушењето на кулите близначки во Њујорк на 11-ти септември, говори на Осама бин Ладен, прилози за Крстоносните војни, а во позадина на записите се слушаа извадоци од Куранот и песни во кои се повикува на тероризам на арапски јазик кои во судницата ги преведуваше преведувач. На дел од видео записите имаше албански превод.

 

За одбраната на обвинетите, овие видео материјали немале никаква врска случајот, истите не може да се сметаат за доказен материјал и нивното прикажување е беспредметно.

 

Обвинителството во завршните зборови што ги даде пред судот на 30-ти мај побара најстрога казна за осомничените.

 

На 5-ти јуни Одбраната во судскиот процес за случајот познат како ’Монструм’, во кој седум лица се осомничени за тероризам и за соизвршителство, во Основниот суд 1 Скопје ги даде завршните зборови. Четворицата адвокати побараа ослободителна пресуда и нагласија дека обвинителниот акт се базира на претпоставки и дека обвинителството нема докази дека осомничените се извршители на петкратното убиство.

 

Адвокатот Насер Руфи рече дека уште од притворувањето на осомничените, во мај 2012 година, тие биле етикетирани како „убијци” и „монструми” со што била нарушена пресумпцијата на невиност, како од страна на одредени медиуми, така и од страна на некои институции.

 

Во неговите, како и во завршните зборови на останатите тројца адвокати Митко Солаков, Ѓорѓи Настевски и Асми Алиспаѓиќ повеќепати беше повторен исказот на четворица сведоци кои на денот на убиството виделе луѓе кај Смилковското езеро, а кои категорично отфрлиле дека осомничените биле тие лица. Руфи голем дел од своите завршни зборови посвети на загрозениот сведок Е1, односно неговото сведочење, кој во исказите тврдеше дека на денот на убиството, како и неколку денови пред тоа ги видел осомничените кај местото на злосторството. Руфи рече дека сведокот пет пати давал различни и нелогични контрадикторни изјави.

 

Исто така, Руфи во опсежните завршни зборови кои ги читаше речиси час и половина, рече дека нема директни очевидци на егзекуцијата, како и вербален доказ за наводниот договор меѓу осомничените за извршување на убиство, со што, рече, целиот обвинителен акт во недостиг на докази се базира на претпоставки.

 

Во врска со видео материјалите со радикално екстремистичка содржина пронајдени во запленетите компјутери на осомничените, одбраната рече дека тие немаат никаква врска со кривичното дело и дека тие видеа се достапни секому на Интернет.

 

Осомничените Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута, Рами Сејди и Хаки Азири се изјаснија за невини и ги отфрлија обвинувањата. Во Монструм се осомничени и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во притвор во Косово./крај/мф/сдкрај/мф/сд

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница

Објавено пред

Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела

Објавено пред

По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец ја истепал сопругата

Објавено пред

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.

dobivaj vesti na viber

Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.

Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија20 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...