Црна хроника
Одложено судењето за убиството на матурантот во Ѓорче Петров
Се одложи судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски кој беше убиен со нож во мај годинава.
Стартот на судскиот процес беше одложен поради ангажман на адвокатот на обвинетиот за убиството, Насер Е. во друг предмет во одделот за организиран криминал, јавува Телеграф.„Покрај тоа, треба да направам увид и во некои докази,снимките кои беа прикажувани во истрага“ рече адвокатот на обвинетиот, Ангел Ѓоргиев.Дали ќе се брани преку самоодбрана е рано да се зборува, но адвокатот потенцира дека ќе предложи вештачење и потенцира дека оружјето со кое е извршено убиството сè уште не е најдено.„Ова е трагичен настан за семејството, можете да замислите како им е нив“, рече Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на семејството на матурантот.Обвинетиот не беше спроведен од затворот во Шутка, каде што сè уште е во притвор.Осомничениот ќе одговара за убиство со умисла и тешка кражба.Според обвинителството, осомничениот Насер, на 19-ти мај околу 17 часот влегол во дворот на семејната куќа на семејството Петковски украл велосипед којшто бил потпрен на ѕидот на куќата.Таткото на матурантот го забележал дека краде и почнал да вика по него, но осомничениот побегнал со велосипедот и се упатил кон пешачкиот мост што води кон село Сарај.Но, на патеката на насипот го пречекале Ангел и неговиот татко и му го блокирале патот да не побегне кон мостот. Ангел го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар.„Обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал двапати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Обвинетиот потоа бил нападнат од страна на таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега“, соопштуваат од обвинителството.Таткото заедно со повреденото момче се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт кај сега покојниот на скалите пред Болницата.„Поради исполнување на законските основи, јавниот обвинителот до надлежниот суд предложи и продолжување на мерката притвор“, соопштуваат од Обвинителството.По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа, па имаше и повредени и приведени. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.