Црна хроника
Ограбен сеф од центарот на Скопје
Изминатиот викенд од центарот на Скопје е извршена тешка кражба во која се ограбени предмети во вкупна вредност од околу над две илјади евра.
Изминатиот викенд од центарот на Скопје е извршена тешка кражба во која се ограбени предмети во вкупна вредност од околу над две илјади евра.
Според Секретаријатот за внатрешни работи Скопје, кражбата била извршена во периодот од 11-ти до 12-ти октомври, во Скопје на улица „Орце Николов“.
Засега непознат сторител со употреба на сила извршил тешка кражба во станот на 34-годишниот Н.М., при што одзел метален сеф во кој имало 700 евра, дијамантски комплети, разновиден златен накит и лични предмети, во вкупна вредност од околу 1.200.000 денари./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.