Црна хроника
Ограбен таксист во Скопје
Таксист, во вторник наутро, околу 5.15 часот во полициската станица Чаир, пријавил дека лицата што ги превезувал од „Партизанска“ до Шуто Оризари го ограбиле и му ги зеле клучевите од возилото.
Имено, тој од бул.„Партизански Одреди“ до населбата Шуто Оризари со автомобил „Форд Фокус“ од такси компанија „Вардар“ превезувал четири непознати лица. Кога стигнале на ул.„Ѓорѓи Пенков“ тој им рекол дека за услугата треба да платат 280 денари. Едно од лицата извадило и му дало 100 денари, а потоа истите му се заканиле дека физички ќе го нападнат и од касетата на возилото одзеле каса со ситни пари околу 2.000 денари, а од контакт бравата му го извадиле и зеле клучот. Тие избегале, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.