Црна хроника
Ограбени 10.000 евра од куќа во Битола
Тешка кражба во Битола, пронајдена неексплодирана граната во близина на граничен премин и две приведувања на лица коишто избегнувале издржување затворска кражба, содржи штуриот саботен билтен на Министерството за внатрешни работи
За кражбата во Битола, полицијата се сомнева дека е извршена во изминатите три дена. Имено до домот на 52-годишен жител на улицата „Судска“ непознат сторител насилно влегол, извршил пребарување и одзел 5.000 евра и поголемо количество разен златен накит со што битолчанецот е оштетен за вкупно речиси десет илјади евра.Во петокот припадници од полициската станица при граничниот премин „Михајлово“ во непосредна близина на месноста Блатец пронашле стара неексплодирана артилериска граната. Во текот на денот службеници на Дирекцијата за заштита и спасување од Кавадарци ќе работат на отстранување на опасноста од експлозивната направа.Скопската полиција изминатите два дена, постапувајќи по судска наредба, привела две лица кои биле барани за издржување затворски казни. Приведени се 23-годишната Маја К. од Скопје, којашто треба да издржи затворска казна во затворот „Идризово“ од четириесет дена поради сторено кривично дело „кражба“, како и 25-годишниот Денис Џ, исто така, од Скопје кој поради дело „тешка кражба“ треба да одлежи една година во затворот „Скопје“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.