Црна хроника
Ограбени девизи, денари, златен накит и пиштол од куќа во Прилеп
Арамија ограбил куќа во Прилеп, при што украл девизи, денари, златен накит и пиштол.
Како што соопшти полицијата, С.Т.(1959) од село Врбјани, пријавил дека во Прилеп во неговата куќа, засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 1.020 американски долари, 340 евра, 31.000,00 денари, златен накит и пиштол „ЦЗ-99“ кал.9мм, кој оштетениот го поседувал со дозвола, со рамка со 13 куршуми, а потоа го напуштил лице местото. Со тешката кражба причинета е материјална штета од околу 145.000,00 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.