Црна хроника
Ограбени две куќи во Скопје и Челопек
Тешки кражби иле извршени во изминатите денови во две кужи во Скопје и во тетовското село Челопек од стрна на непознати сторители, соопшти во неделата МВР.
На 16/17.08.2014 година во Скопје на ул.„Радое Дакиќ“ непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на С.П., при што одзел еден пиштол марка „Црвена Застава“ и една рамка со 7 куршуми со оригинал кутија од пиштолот сопственост на оштетениот, златен накит и лап топ компјутер.
Имено, сторителиот со употреба на физичка сила го отворил прозорот од дневната соба, извршил пребарување по што ги одзел наведените предмети.
Во периодот од 11 до 16.08.2014 година во с. Челопек , тетовско, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Е.Б.(33), при што одзел 100 евра, разновиден златен накит, мобилен телефон и повеќе видови женски и машки часовници, во вкупна вредност од околу 480.000 денари.
Сторителот го скршил прозорското стакло од приземјето од куќата, од каде влегол внатре, извршил пребарување по сите соби и откако ги одзел наведените предмети, заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.