Црна хроника
Ограбени продавница, стан и американски џип
Еден маркет во Скопје и еден стан се ограбени во петокот, при што се украдени дневниот промет, евра и накит, како и џип со американски регистарски таблички во Кичево, од каде се украдени пари и пасоши.
Во првиот грабеж, во петокот, околу 23.10 часот во ЕИК-Скопје непознато лице пријавило дека на ул.„Павле Илиќ“ во маркет, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработените, при што ги одзел парите од дневниот промет, а потоа побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Исто така во петокот, во периодот од 11.15 до 12.45 часот во Скопје на ул.„Борка Талевски“, во стан сопственост на К.Е. (71), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит.
После тоа го напуштил местото и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Во 2 часот телефонски во полициска станица Кичево, А.Б. (34) од село Колибари пријавил дека на во четвртокот околу 21.30 часот во автомобил „Џип Чироки“ со американски национални ознаки, од страна на непознат сторител била извршена кражба.
Сторителот одзел женска чанта во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, накит, три патни исправи издадени од САД на име на пријавителот, неговата сопруга и нивниот син и две патни исправи издадени од Македонија на име од пријавителот и неговата сопруга.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.