Црна хроника
Ограбени турски државјани во Неготино
Непознати сторители во саботата во близина на хотелот „Памела“ кај Неготино, на паркинг простор извршиле грабеж врз патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од двајца турски државјани, при што се стекнале со противправна материјална корист во вредност од 650 илјади денари, соопштуваат органите на Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен околу седум часот и триесет минути во полициската станица во Неготино од страна на вработен во хотелот.
До органите на министерството за внатрешни работи било пријавено кражба врз патничко возило „сани јонк“ управувано од двајца турски државјани кои престојувале во хотелот.
Оштетените ги оставиле своите торби во возилото, по што го заклучиле и заминале да појадуваат во хотелот, но откако се вратиле забележале дека во возилото недостига нивниот багаж.
Од торбите биле одземени два лаптоп компјутера, ајпад, фотоапарат, неколку кредитни картички, лични документи, 327 илјади денари, две илјади евра и 450 турски лири.
Истражните органи преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.