Црна хроника
Ограбувачот на банката имал досега две пријави, украл околу 6.000 евра
Ограбувачот на „Стопанска банка“ во скопската населба Ѓорче Петров кој беше повреден во престрелка со полициската единица „Алфа“ во понеделникот попладне кај надвозникот „Влајко“, досега имал две кривични пријави во периодот од 1988 до 2008 година, соопштуваат од МВР.
За грабежот против четириесет итригодишниот скопјанец Александар М. е поднесена кривична пријава за три кривични дела, „разбојништво“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали“. Според информациите од МВР, ограбувачот во четвртокот попладне околу 14 часот маскиран и вооружен со пиштол, влегол во банката, им се заканил на вработените и странките кои биле внатре и им наредил да излезат. Влегол сам во шалтерскиот простор и од касите украл околу 6.000 евра, ги ставил во ранецот што го носел со себе и со автомобил „ситроен 3x“ избегал.Кога дошол во близина на надвозникот „Влајко“ во населбата Влае, „алфите“ го забележале и му дале светлосен сигнал да застане.Му ги покажале полициските легитимации и преку отворениот прозор од возилото му наредиле да застане. Но тој извадил пиштол и почнал да пука кон нив.За да се заштитат и „алфите“ употребиле оружје, испукале неколку куршуми. Крадецот бил расечен на главата од парчињата стакло од скршените прозорци од возилото.По престрелката полицајците го совладале и со возило на брза помош бил префрлен во ургентен центар при клинички центар каде од страна на доктор е констатирана телесна повредаПри пукањето крадецот освен полициското возилото оштетил автомобил „фиат пунто“ и автобус на ЈСП.„На местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Скопје е извршен увид, при што во ПМВ Цитроен ЗХ пронајден е еден ранец во кој биле одземените пари од банката и еден мобилен телефон, додека пиштолот заедно со рамка со три куршуми, пронајден и подигнат од коловозот на бул. „Партизански Одреди“ и со наредба од ОЈО е предаден во за понатамошна анализа и вештачење“, соопштуваат од МВР./крај/мф/ффс
Извор: фото: Нова Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.