Црна хроника
Охридската полиција ја продолжува потрагата по исчезнато лицe
Повеќе полициски службеници од СВР Охрид и во петокот се вклучени во преглед и пребарување на теренот околу селото Велестово со цел пронаоѓање на 64-годишниот К.Ф. од охридското село Рача кој синоќа во 18 часот, од страна на неговото семејство беше пријавен за исчезнат.
Овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо после пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово. Претресот на планинскиот дел со бујна вегетација траеше до 1,30 часот ноќта кон петокот, а продолжуваат и денеска.
Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, ангажирани се и службени полициски кучиња за потрага на лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи. Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид како и со месно население од селото Рача. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.