Црна хроника
Охридски менаџер парите од свадби си ги ставал в џеб, наместо на сметка на хотелот
Менаџер на охридски хотел си ги ставал парите заработени од свадби и други веселби во џеб, наместо на хотелската сметка, соопшти СВР Охрид.
Пријавениот З.Ц. (34), во својство на одговорно лице и потписник на сметката од хотелот „Престол“ во Охрид, приходите од свадби и други веселби не ги прикажувал туку парите ги присвојувал за себе. На тој начин, фирмата која стопанисува со хотелот ја ставил во долгови со што противправно прибавил корист од 997.194,оо денари .
Менаџерот остварениот промет го внесувал како позајмица од негово име на сметка од хотелот како би можело да се поминат платите за вработените, не ги плаќал набавките а приходите од свадбите и другите организирани забави не ги пријавувал.
Со усна наредба во 2012 година, сопствениците на хотелот кои живеат во Австралија, пријавениот од шанкер го назначиле за менаџер на хотелот. Со тоа З.Ц. го водел исплаќањето на платите на вработените, раководел со набавките и исплаќањето на роба, раководел со постапките за обезбедување на гости и нивно сместување, го изготвувал распоредот за работа на персоналот, истиот ги склучувал договорите со странките односно се што се работело во хотелот било под негова контрола.
За успешно извршување на менаџерските обврски, сопствениците на хотелот на пријавениот му обезбедиле патничко моторно возило “Опел Астра“ кое вработените го сметале како службено возило. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.