Црна хроника
Охриѓанец без причина навредувал полицајци
СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Р.В. (44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено дело согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
На петти овој месец, пријавениот на јавно место извршил нарушување на јавниот ред и мир со вербален напад, омаловажување и навредување на полициски службеници кои во моментот извршувале службени задачи од областа на безбедноста.
Настанот се случил во 11 часот и 30 минути на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници вршеле контрола во патниот сообраќај. Притоа, без да биде запрен и по ниту еден друг повод, пријавениот Р.В. го сопрел својот патнички автомобил марка „Ауди А-6“ и преку отворениот прозор на силен глас и видно револтиран започнал да ги навредува полициските службеници упатувајќи им низа омаловажувачки и непристојни зборови. Потоа со голема брзина го напуштил местото на настанот.
Сега пријавениот е повикасн во СВР Охрид и со него е извршен разговор за околностите и причините за стореното омаловажување на државен орган, односно омаловажување и навредување на службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.